Водечка малопродажна и големопродажна мрежа на спортска опрема и обувки во Македонија

Основна дејност на компанијата

Основна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на спортска опрема. Спорт М е компанија основана во 2004-та година со домашен капитал и во моментот работи само на територијата на Република Македонија.

Спорт М е ексклузивен дистрибутер на adidas за Република Македонија од 2006-та година и претставува водечка малопродажна мрежа на спортска опрема на оваа територија.

Покрај adidas како водечки бренд на компанијата, Спорт М е ексклузивен дистрибутер и на други светски познати брендови како што се: Salomon, Hi-tec, 4F, Columbia, Nitro, Briko и Color Kids.

Спорт М е увозник или овластен дилер на: Lacoste, Diadora, Asics, Vans, Cat, Speedo, Grisport, Olang и Colmar. За брендовите Reebok, Nike, Spalding, Rider, Ipanema и Rossignol, Спорт М е дилер.

Print Friendly