fb_img

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАМЕНА



Замена на производ или големина се прави преку креирање нова нарачка при што задолжително додавате коментар ЗАМЕНА во НАЧИН НА ИСПОРАКА при плаќање. Заменската нарачка треба да биде на истото име и презиме и со истите податоци како и првичната нарачка. Откако ќе направите нарачка за замена, пратете го производот по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адресата која што ја пишува на фактурата. Во пратката која што ја враќате задолжително ставете ја оригиналната фактура и откако производот ќе биде вратен во нашата продавница се испраќа новиот заменски производ. Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на Спорт М, трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач. Спорт М ја презема обврската за подмирување на трошокот за достава само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел.

Доколку враќате производ потребно е да ни пратите број на трансакциска сметка на onlineshop@sport-m.com.mk за рефундирање на средствата.

Доколку цената на новиот артикал е повисока, клиентот ќе ја доплати разликата, а доколку е пониска, разликата ќе биде вратена на неговата трансакциска сметка.

Замената се извршува од страна на Спорт М само доколку се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети.