Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Бесплатна достава за нарачки над 2990 денари
На веб страната www.sport-m.com.mk одбирате производ и величина. Потоа го додавате во кошничка.
Со клик на кошничката ве пренасочуваме кон страната за преглед на нарачки. Тука можете да видите кои производи сте ги одбрале и колку чинат. Кога ќе ги одберете саканите производи кликнете на плаќање. Внесете ги сите потребни информации за достава и потврдете ја нарачката.
Не е задолжително да се регистрирате за да направите нарачка. Може да направите нарачка без регистрација со тоа што ќе ги внесувате сите информации за достава.
Препорачуваме да се регистрирате за системот да ги зачува вашите информации. На овој начин помала е можноста за грешки како на пр. погрешен број или адреса.
Дополнително со регистрирање ќе ги добиете сите известувања за акции, промоции и попусти на вашата е-маил адреса.
Да. За секоја процесирана пратка ќе добиете СМС порака од поштата за достава која ќе ве извести за предвидениот рок за достава и ќе ви даде подетални информации за вашата пратка.
Откажување на нарачка е возможно во рок од еден час откако ќе ја направите нарачката и тоа може да се направи исклучиво на тел: 02 3078 801.
Нарачката не може да се промени доколку сте добиле потврден мејл за успешно направена нарачка.
Доколку верувате дека настанала некоја грешка со нарачката, сакате да замените, отстраните или додадете нов производ во нарачката, контактирајте не на www.sport-m.com.mk или на 02 3078 801 и нашите оператори ќе пробаат да го реализираат вашето барање.
По креирање на нарачката ќе добиете е-меил за потврда на успешноста на нарачката.
Откако нарачката ќе биде обработена се предaва на курирска служба за достава и добивате потврден меил со фактура од направената нарачката.
Доколку немате примено е-маил проверете го и SPAM фолдерот.
Доколку сте регистриран корисник, едноставно сите ваши нарачки може да ги прегледате на својот профил во делот - Историја на Нарачки.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден.
Доколку во една нарачка имате повеќе од еден производ, можно е производите да бидат од различни магацини и да ви пристигнат како посебни пратки во различен временски период.
Доколку поминат 5 работни денови и производите сеуште не се пристигнати, контактирајте го нашиот оператор на: 02 3078 801.
Тоа значи дека бараниот производ е распродаден и не може да се порача онлајн.
Достава се врши преку екстерни курирски служби, единствено и само на адресата дадена при креирање нарачка.
Еко Логистик Сервис
За нарачки чија вредност е под 2990 денари, трошокот за достава е 150 денари.
За нарачки чија вредност е над 2990 денари, трошокот за достава е бесплатен.
За нарачки на ски опрема, справи и велосипеди трошокот за достава е 550 ден.
Не. Се плаќа само една поштарина за нарачки во износ под 2990 денари.
Со креирање на нарачка во износ еднаков или поголем од 2990 денари доставата е бесплатна.
За велосипеди, ски опрема и справи за вежбање не постои опција за бесплатна испорака.
Рокот за достава е до 5 работни денови. Доставата може да се пролонгира доколку во дадениот рок има неработни денови или доколку ја направите нарачката за време на распродажба.
Испораката се врши од понеделник до петок → 8 – 20ч и сабота → 8 – 16ч. на адресата посочена во нарачката. За таа цел, потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за превземање на пратката на адресата која што ја имате приложено.
Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.
Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура.
Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk
Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Доколку нарачката се состои од повеќе производи и платена е со вредносен купон за попуст за кој што постоело одреден услов за истиот да се добие од ваша страна, задолжително треба да ги вратите сите производи од таа нарачка, а не селективно.
Може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Не. Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас.
Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Ова е возможно доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.
При достава на пратката ве молиме да проверите дали има оштетување на пакетот во присуство на курирот. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да го превземате од курирот.
Во овој случај ве молиме да не побарате на тел: 02 3078 801 или да ни пратите е-маил со свои податоци (број на нарачка) на onlineshop@sport-m.com.mk и да ги наведете причините поради кои сте одбиле да го преземете пакетот. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Откако нарачаниот производ ќе ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени физички недостатоци на истиот. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk . Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Производите купени онлајн не е можно да се рекламираат во продавница. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Плаќање на три рати е возможно преку IuteCredit.
Има четири начини на плаќање:
во готовина при достава
со платежна картичка при креирање нарачка
е-ваучер
IuteCredit
Без разлика дали вашата нарачка е платена со платежна картичка или во готовина при достава, трошокот за достава се плаќа на врата при испорака на пратката.
Работното време е од понеделник до петок, од 08:00 – 16:00 часот.
Корисничката поддршка може да ја исконтактирате на:
Телефонски број: 02 307 8801 или е-маил адреса: onlineshop@sport-m.com.mk