fb_img

Достава

Назад во поддршка

Достава

Достава се врши преку екстерни курирски служби, единствено и само на адресата дадена при креирање нарачка.

 

Доставата се врши преку Еко Логистик Сервис.  

Трошокот за достава изнесува 180 денари.

За справи за вежбање, ски опрема и велосипеди, трошокот за достава изнесува 550 денари.

 

Плаќање во готово при испорака - Трошокот за достава е вклучен во вкупиот износ на фактурата, како посебна ставка и се калкулира во вкупниот износ на откупот.

 

Кредитна/дебитна картичка -  Трошокот за достава се наплаќа од вашата платежна картичка.

 

Една нарачка која што содржи повеќе производи, може да биде испратена од неколку различни магацини поради достапноста на залихите. Тоа значи дека ќе ви стигнат повеќе пратки, но вие ќе платите САМО една поштарина.

 

Не постои опција за бесплатна испорака.

 

Рокот за достава е до 5 работни денови. Доставата може да се пролонгира доколку во дадениот рок има неработни денови или доколку ја направите нарачката за време на распродажба.

 

Велосипедите стигаат монтирани без извршен прв сервис. Поради транспортот, педалите и воланот се монтираат дополнително кај нашиот овластен сервис.

Справите за вежбање ви стигаат расклопени. Пакетот содржи инструкции како сами да ја монтирате справата за вежбање.

Доколку нарачате скии, ќе добиете и скии и везови. Везовите нема да бидат прицврстени за скиите поради тоа што треба да се прилогодат според тежината на корисникот и големината на чизмите. Ова може да го направите во една од нашите продавници.

 

Испораката се врши од понеделник до петок 8 – 20ч и сабота 8 – 16ч. на адресата посочена во нарачката. За таа цел, потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за превземање на пратката на адресата која што ја имате приложено.

При превземање на пратката потребно е да се потпишете на испратницата која ќе ви ја приложи курирот.

Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.

Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

 

Ви треба помош? Тука сме за вас