fb_img

SPORT + картичката

20.03.2023 14:44:08

Аплицирајте за SPORT+ картичката со сметка над 3000 денари директно во нашите продажни места. Колку повеќе купуваш, толку поголем бонус добиваш. Односно колку повеќе поени собираш, толку поголем бонус добиваш.

Со првата фискална сметка над 3000 денари се зачленуваш во програмата, а поените почнуваат да се собираат од следното купување.

SPORT+ картичката е бесплатна за сите наши потрошувачи!

1

SPORT + картичката може да се користи во сите продажни места на:

adidas shop

sport M

Intersport

Sizeer

SPORT + картичката не може да се користи во:

sport M аутлети

Распродажби

Продажба преку фактура

www.sport-m.com.mk

www.sizeer.com.mk

www.intersport.mk

SPORT + картичката не важи за синдикална продажба и продажба преку фактура

2

Секое лице кое што е постаро од 18 години и има живеалиште во Република Македонија има право да се зачлени во лојалити програмата на Спорт М Доо. Корисникот мора да го пополни и потпише формуларот за согласност со правилата и условите на програмата. Формуларот се потпишува во било кое продажно место кое е вклучено во програмата. Притоа, сите податоци во формуларот задолжително мора да бидат пополнети од лицето кое се пријавува и тоа одговара за вистинитоста на наведените податоци во формуларот поврзани со употреба на SPORT + картичката.

Корисникот на SPORT + картичката не може да се промени и истата може да ја користи само регистрираниот корисник кој го потпишал формуларот за пријавување.

За да се добијат поени или некои други поволности кои произлегуваат од програмата, корисникот е должен пред извршување на трансакцијата да ја покаже SPORT + картичката на вработените во Спорт М Доо.

3

Вредност на поен = 1 денар

Основи за добивање поени = 5% од сумата на сметката.

По секое купување, поените се пресметуваат и претвораат во денари на Вашата сметка на SPORT + картичката.

Заработените поени можете да ги искористите во следното купување или да ги собирате и искористите со купувањето кога Вие тоа ќе го посакате. 

Бројот на остварени поени зависи од износот на сметката.

Пример: За секое купување добивате 5% од износот во поени. 1 поен = 1 денар. Доколку купите роба во износ од 10000 денари, добивате 500 поени, односно 500 денари се префрлаат на вашата SPORT + картичка

При користењето на ,,заработените поени“, НЕ се стекнуваат нови поени на наплатениот дел од сметката.

Добиените поени може да ги искористите само во роба. Поените на SPORT + картичката не може да се заменат за готовина.

Дополнително впишување на поени во SPORT + картичката не е возможно.

Поените на SPORT + картичката се собираат и користат во рок од една година.

4

Пример: Доколку корисникот има купено производ на 01.10.2022, поените имаат рок да се искористат заклучно со 30.09.2023.

Во случај на прекорачување на временскиот рок за користење на поените, истите се отпишуваат во корист на Спорт М Доо.

Доколку дојде до злоупотреба на SPORT + картичката Спорт М Доо го задржува правото со претходна најава да ја повлече картичката од употреба.

Спорт М го задржува правото да ги промени правилата и условите од програмата, за што корисникот на SPORT + картичката ќе биде навремено известен на соодветен начин преку е-маил или смс порака. Доколку корисникот на програмата ја употребува картичката по објавените промени, значи дека е согласен со истите.

Корисникот на програмата може да ги промени своите податоци кои претходно ги доставил до Спорт М Доо или да го откаже членството во програмата во било кое продажно место кое е вклучено во програмата.

Личните податоци на корисниците на програмата ќе се чуваат во архивата на Спорт М Доо до отповикување на картичката од страна на корисникот или до прекин на програмата.

Доколку дојде до прекин на програмата сите поени кои се собрани до тој момент ќе може да се искористат во рок од 30 денови од објавата за укинување на програмата.

Во случај на губење или кражба на SPORT +  картичката, корисникот е должен да го пријави случајот на 023078801, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.

Доколку картичката се изгуби, корисникот го губи правото веќе собраните поени да се префрлат на новата картичка.

5

Освен собирање поени, нашите лојални купувачи ги добиваат и следните поволности:

Редовно информирање за пристигнување на нови колекции, промоции и сезонски попусти.

Користење на специјални попусти за лојални купувачи.

Станувате дел од специјални настани наменети само за членовите на клубот на лојални потрошувачи.

И уште многу други изненадувања!