Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Бесплатна достава за нарачки над 3990 денари
28.02.2025 10:18:20
SPORT + картичката e бесплатна за сите наши потрошувачи и може да ја извадите директно во сите наши продажни места. Колку повеќе купуваш, толку поголем бонус добиваш. Односно колку повеќе поени собираш, толку поголем бонус добиваш. Добиваш пристап до попусти креирани специјално за корисниците на SPORT + картичка.
Со првата фискална сметка се зачленуваш во програмата, а поените почнуваат да се собираат ВЕДНАШ.
SPORT + картичката може да се користи во сите продажни места на:
adidas shop
sport M
Intersport
Sizeer
sport M аутлети
SPORT + картичката не може да се користи во:
www.sport-m.com.mk
www.sizeer.com.mk
www.intersport.mk
outlet.sport-m.com.mk
SPORT + картичката кај синдикална продажба ти овозможува пристап до попусти креирани специјално за корисниците на SPORT + картичка. Меѓутоа, опцијата за собирање поени е исклучена.
Секое лице кое што е постаро од 18 години и има живеалиште во Република Македонија има право да се зачлени во лојалити програмата на Спорт М Доо. Корисникот мора да го пополни и потпише формуларот за согласност со правилата и условите на програмата. Формуларот се потпишува во било кое продажно место кое е вклучено во програмата. Притоа, сите податоци во формуларот задолжително мора да бидат пополнети од лицето кое се пријавува и тоа одговара за вистинитоста на наведените податоци во формуларот поврзани со употреба на SPORT + картичката.
Корисникот на SPORT + картичката не може да се промени и истата може да ја користи само регистрираниот корисник кој го потпишал формуларот за пријавување.
За да се добијат поени или попусти кои произлегуваат од програмата, корисникот е должен пред извршување на трансакцијата да ја покаже SPORT + картичката на вработените во Спорт М Доо.
Вредност на поен = 1 денар
Износ на собрани поени = 3% од сумата на сметката.
По секое купување, поените се пресметуваат и претвораат во денари на Вашата сметка на SPORT + картичката.
Заработените поени можете да ги искористите во следното купување или да ги собирате и искористите со купувањето кога Вие тоа ќе го посакате.
Бројот на остварени поени зависи од износот на сметката
Пример: За секое купување добивате 3% од износот во поени. 1 поен = 1 денар. Доколку направите сметка во износ од 10000 денари, добивате 300 поени, односно 300 денари се префрлаат на вашата SPORT + картичка
При користењето на ,,заработените поени“, НЕ се стекнуваат нови поени на наплатениот дел од сметката.
Добиените поени може да ги искористите со секоја наредна фискална сметка за производи. Поените на SPORT + картичката не може да се заменат за готовина.
Дополнително впишување на поени во SPORT + картичката не е возможно.
Поените на SPORT + картичката се собираат и користат во рок од 6 (шест) месеци.
Пример: Доколку корисникот има купено производ на 01.10.2022, поените имаат рок да се искористат заклучно со 31.03.2023.
Во случај на прекорачување на временскиот рок за користење на поените, истите се отпишуваат во корист на Спорт М Доо.
Доколку дојде до злоупотреба на SPORT + картичката Спорт М Доо го задржува правото со претходна најава да ја повлече картичката од употреба.
Спорт М го задржува правото да ги промени правилата и условите од програмата, за што корисникот на SPORT + картичката ќе биде навремено известен на соодветен начин преку е-маил или смс порака. Доколку корисникот на програмата ја употребува картичката по објавените промени, значи дека е согласен со истите.
Корисникот на програмата може да ги промени своите податоци кои претходно ги доставил до Спорт М Доо или да го откаже членството во програмата во продажното место од каде што ја има подигнато SPORT + картичката или да се јави на телефонскиот број 023078801.
Личните податоци на корисниците на програмата ќе се чуваат во архивата на Спорт М Доо до отповикување на картичката од страна на корисникот или до прекин на програмата.
Доколку дојде до прекин на програмата сите поени кои се собрани до тој момент ќе може да се искористат во рок од 30 денови од објавата за укинување на програмата.
Во случај на губење или кражба на SPORT + картичката, корисникот е должен да го пријави случајот на 023078801, по што картичката ќе биде блокирана за да се спречи нејзина злоупотреба.
Доколку картичката се изгуби, корисникот го губи правото веќе собраните поени да се префрлат на новата картичка.
Освен собирање поени, нашите лојални купувачи ги добиваат и следните поволности:
Редовно информирање за пристигнување на нови колекции, промоции и сезонски попусти.
Користење на специјални попусти за лојални купувачи.
Станувате дел од специјални настани наменети само за членовите на клубот на лојални потрошувачи.
И уште многу други изненадувања!