Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Бесплатна достава за нарачки над 3990 денари
Puma Footwear Caven 2.0 Vt се елегантни машки патики. Техничкото решение на нивната изработка ги прави многу удобни така да можат да се носат преку цел ден без да се почувствува некаков замор. Исто така и изборот на материјали и посебно дизајнираниот ѓон од кои се изработени, обезбедуваат цврсто и солидно нагазување, одлична прилагоденост на стапалото и добра вентилација.
Клучни карактеристики:
- Имаат аеродинамичен облик
- Горниот дел на патиката е изработен делумно од говедска кожа со мазна и превртена текстура, има делови од синтетички материјал и текстилен дел
- Удобната внатрешна влошка со SOFTFOAM+ технологија е дизајнирана да обезбедат мека амортизација благодарение на нивната екстра дебела пета
- Постава од текстил
- Гумен надворешен долен ѓон
- Странично и на потпетиците има детали на за PUMA брендот, а исто така и плетени етикети на јазикот и горниот дел од патиката
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 3990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.