Испорака до 5 работни денови
Враќање во рок од 15 денови
Бесплатна достава за нарачки над 3990 денари
Добредојдовте во светот на удобноста и топлината! Ви го претставуваме термо дуксерот од 4F кој е идеално решение за сите кои бараат совршен баланс помеѓу термо изолација , леснотија и функционалност. Со својата плетена структура овој дуксер не само што ќе ве загрее во најстудените денови , туку и ќе ви овозможи максимална слобода на движење.Без разлика дали сте љубители на активен одмор , како скијање или сноуборд , или сакате едноставно да уживате во пријатни есенски и зимски прошетки , ова парче облека е совршено за секојдневните активности и екстремни спортови.Придружете се на еден нов , топол и удобен начин на живот за време на зимските денови со термо дуксерот од 4F!
Клучни карактеристики:
- Одлична термо изолација составена од совршен изолациски слој за студени есенски и зимски денови
- Лесно и удобно вклопување на фигурата
- Удобно плетена структура која ја задржува топлината и е лесна за носење
- Хидрофобни својства кои овозможуваат брзо сушење
- Изработен од материјал кој е мек и мазен на допир
- Обезбедува максимална удобност и не дозволува прекумерно потење
- Технологија 4FWarm која одржува оптимална термо удобност , дури и при најстудените денови
- Стандардна должина до колковите
- Одличен избор и како дополнителен слој за дополнителна топлина
Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Јадранска Магистрала 139 и притоа трошокот за достава е ваш. Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса onlineshop@sport-m.com.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.
Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот може да повикате било која курирска служба. Изборот е ваш.
Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас. Доколку ви треба нова големина, боја или сакате друг производ, тогаш ќе треба да направите нова нарачка, а за претходната нарачка ќе ви бидат вратени средства.
Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е возможно само за истиот производ, а различна големина.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спорт М има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 02 3078 801 или на onlineshop@sport-m.com.mk. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка. Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ. Спорт М ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 3990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Спорт М, ќе добиете меил со известување.
Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од три работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Спорт М и истата ќе биде обработена.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.