Испорака се врши од понеделник до петок од 8-16h, во сабота од 8-15h. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена. Минималниот износ за нарачка е 1000 денари, а испораката е бесплатна за цела Македонија.
2. Како да замените/вратите производ?
Замена на производ или големина се прави преку креирање нова нарачка, каде во коментар за нарачката треба да напишете Замена. Откако ќе направите нарачка за замена, куриската служба го презема производот кој го менувате и откако ќе биде вратен во наша продавница се праќа новиот, заменски производ. Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на Спорт М, трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач. Спорт М ја презема обврската за подмирување на трошокот за достава само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел. Доколку враќате производ потребно е да ни пратите број на трансакциска сметка на onlineshop@sport-m.com.mk за враќање на средствата.